ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат: 1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија. 2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

kaneo i potpes PLAZA 2 KADMOO copy PLAZA 3 ambrosia PLAZA KUBA LIBRE

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно  земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален Урбанистички план за УЗ 1 Блок 1.2, Блок 1.4 и дел од Блок 3.4, донесен со одлука на Совет на општина Охрид бр. 07-6092/40  од 30.06.2014 година,  со намена Д3 спорт и рекреација – плажа, под краткотраен закуп со времетраење од 5 годиниУрбанистички проект за уредување на плажите на дел од Охридското крајбрежје – потег Студенчишта-Елешец 2002 год. Согласно член 32, став 3 на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. на Р.М, бр.4/96, 20/97,18/99 и 53/2001). Се дава согласност на овој урбанистички проект со тех.бр 02/02 од Мај 2002 год.

ОБЈАВАТА во целост преземете ја тука:

ОБЈАВА БРОЈ 04/18 ОД 01.06.2018 ГОДИНА ЗА ДАВАЊЕ ПОД КРАТКОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО НАМЕНА Д3 СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА – ПЛАЖА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ОХРИД