ЈП „ Охридски комуналец“ на 4 и 5 јуни ќе подели 400 жардиниери

Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “ . Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на  улиците:

„Македонски просветители“ од пресекот со бул.„Туристичка“ до кеј „Македонија“ , „ Димитар Влахов“ од пресекот со бул. „Македонски просветители“ до пресекот со ул.„Јане Сандански“ , „ Партизанска“ од пресекот со бул.„Македонски просветители“ до пресекот со „АСНОМ“ , кеј „Македонија“ од пристаниште до „АСНОМ“ , улиците „Страшо Пинџур“ , „Ванчо Николески“ , „Серафим Китаноски“ , „ Војдан Чернодрински“ , „Кузман Јосифовски“ , „Спас Банџов“ и „Славеј планина“ .
Акцијата ќе се реализира на 4 и 5 јуни ( понеделник и вторник) 2018година.
Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери со
цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „ Охридски комуналец“ на  4 и 5 јуни (понеделник и вторник)  2018 г. од 9 до 13 часот, а со себе треба да носат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.