На 2-ри и 3-ти Јуни во заедничка соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РM и ТАВ беше организирана промотивна тура Охрид 2018. На промотивната тура учество зедоа 7 новинарски екипи од Нордика – Естонија.
Учесниците на промо- турата ги посетија сите знаменитости на градот и околината, се запознаа со туристичкиот потенцијал на охридскиот регион,како. Целта е Охрид и неговиот туристички потенцијал да бидат промовирани во нивните медиуми.
Промо – турата ја организира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид. Со организацијата на овој настан локалната власт ставана промовирање на туристичкиот потенцијал на Охрид.
Се очекува учесниците на промотивната тура по престојот во Охрид да објават репортажи преку кои на нивните гледачи и читатели да им ги презентираат убавините на нашиот град и поширокиот регион.
Во програмата на промотивната туристичка тура,се презентира и руралниот и другите видови алтернативни форми на туризам.