Делегација на Египќаните од Македонија денес оствари средба со евроамбасадорот Н.Е. Самуил Жбогар. На средбата амбасадорот Жбогар беше запознаен со положбата на Египќаните во Македонија, а пред се во Охрид . На амбасадорот му беа презентирани активностите во делот на културата , образованието , институционалната интеграција како и степенот на остварување на основните човекови права и слободи и недискриминацијата во Република Македонија, а стана збор и за положбата на оваа заедница во македонското општество, како проблемите и предизвиците со кои се соочуват.
На средбата која се одржа во седиштето на Мисијата на Европската Унија во Скопје присуствуваа Демир Далип – НВО Коалиција , Арбен Демироски – здружение Египќани Пирамида , Бесим Демиров – советникот од Египќаните во Советот на Општина Охрид и Сенат Усеиноски – секретар на здружението .