За околу 10 дена ќе почне со работа ресторанот кој е во непосредна близина на охридските гробишта , чиј сопственик е Јавното претпријатие “Градски гробишта“. Согласно претходно објавениот оглас на ова јавно претпријатие за закупец на ресторанот е избрана охридска фирма која уредно се пријавила на огласот и ги исполнила сите критериуми предвидени во него.
Директорот на ЈП “Градски гробишта“, Зоран Симоноски, денес на прес конференција објасни зошто било потребно огласот за закуп на ресторанот да содржи строги критериуми за субјектите кои сакале да бидат идните негови закупци а кои критериуми се во склад со сите пропишани закони и норми. Притоа, Симоноски потенцира дека тие строги критериуми битно допринеле приходите на претпријатието да се зголемат за околу 1 милион денари.
– Искуството не наведе, а согласно пропишаните законски правила и норми , да имаме доста строги критериуми во поглед на субјектите кои сакаа да се пријават на огласот : од банкарски гаранции, до обврска средствата да се уплатат за една година однапред,а меѓу условите да се учествува на тендерот беше и оној кој предвидуваше да се уплатат 430 500 денари (7000 евра ) вредност како депозит. Вкупниот износ кој се уплати за ресторанот од Фирмата која по огласот беше избрана за закупец на ресторанот за една година е 1 786 992 денари- средства платени однапред .Строгите услови донесао плус 1 милион денари повеќе во касата на претприајтието од она што се собираше претходно, истакна директорот на ЈП Градски гробишта, Зоран Симоноски кој обелодени и кои биле членовите на комисијата која го спровела огласот за закуп на ресторанот.
– Во комисијата која го спроведе огласот беа поранешниот директор на претпријатието и раководителот на финасии, претседателот на Надзорен и Управен одбор, како и адвокатот кој е правен застапник на ЈП Градски Гробишта. Комисиајта се состави во ваков состав за да се обезбеди поголема присутност на огласот. Понудата од фирма која конкурираше на огласот беше едногласно прифатена од комисијата, истакна Симоноски
Огласот за цвеќарници што го распиша ЈП “Градски гробишта“исто така беше успешен и ги зголеми приходите на претпријатието. Од издавање на овие тезги за повеќе од 6 пати се зголемиле приходите по оваа основа, или конкретно од тезгите за цвеќе се инкасирани 1 милион 870 илјади денари, за разлика од претходната година кога од истите тезги се инкасирале само 280 илјади денари.