20 граѓани имаат можност целосно да го изучат старотурскиот јазик. Во тек е огласот за стипендирање на додипломски или постдипломски студии по старотурски јазик на некој европски универзитет. Поради сериозниот недостаток на познавачи на овој јазик во Македонија стојат непроучени и непреведени голем број архивски материјали од Османскиот период. Според премиерот Груевски атрактивноста на овие студии е уште поголема поради можноста за брзо вработување во Макдонија, но и надвор од неа.
„Сите овие лица имаат однапред загарантирано вработување од страна на три институции каде што може да бидат искористени со познавање на старотурскиот јазик, а тоа е Државниот архив, Институтот на национална историја или МАНУ. Во една од овие 3 ќе бидат вработени веднаш по завршување на додипломските или постдипломските студии. Тоа е страктивна понуда за сите кои имаат афинитет кон овие студии или е невработен„ рече премиерот Никола Груевски.
Книжниот фонд на македонските библиотеки од денес е збогатен со нови 25 книги од албански и турски автори преведени на македонски јазик и нови 5 тома од македонски автори. Проектот „130 тома македонска книжевност“ на македонските читатели досега им ги доближи најдобрите дела од турски и албански јазик, а светската јавност ја запозна со повеќе од 300 наслови од врвни македонски писатели.
„Високите книжевно-естетски вредности на делата од сите жанрови кои се опфатени во оваа едиција веќе добија и меѓународна потврда преку дистрибуција и промоција на комплементарниот издавачки проект – Превод на едицијата „Македонска книжевност“ на англиски јазик во преку 300 библиотеки и научно-образовните институции низ целиот свет“ рече Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура.
Проектот е целосно финансиран од Министерството за култура, со чија поддршка секоја година се преведуваат голема број историски книги, монографии, класична и детска литература на македонски, албански и турски јазик.