БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ЗА ГОСТИТЕ ВО ОХРИД

Во согласност со Годишната програма на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot бесплатен интернет на 3 најпосетувани локации во Охрид и тоа:

1.       Плоштад Св. Климент Охридски
2.       Плоштад Крушевска република – Чинар и
3.       Плаошник

На овај начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да користат WiFi интернет со цел   добивање на информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.

Со самото приклучување на бесплатниот WiFi како почетна страна се отвора ново-редизајнираната веб  www.ohrid.com.mk

Голема благодарност до Н.У. Завод и Музеј и МПЦ- Охридска архиепископија за соработката околу поставувањето на опремата.