ВМРО-ДПМНЕ не е против поставување урбана опрема и реквизити, но не смее да се поставува насекаде низ градот како што е случајот ова лето и предизвиканиот хаос за туристичката сезона.
Сликата нека коментира за тоа каков ред воведувате господине градоначалник Стојаноски заедно со СДСМ… Објект и лесковачка скара на пешачка и велосипедска патека во Студенчишко блато.
Охрид не заслужува ваков туризам, затоа Ви порачуваме не ги потценувајте граѓаните, тие не се со кратко паметење.