Во рамките на проектот за подобрување на патната инфраструктура во Југозападниот плански регион финансиран од Министерството за локална самоуправа, денеска започна изградбата на патеката од саат кулата до старото училиште „ Св. Климент Охридски“ . Патеката ќе има два крака во должина од 250 и 275 метри , а за изградбата ќе бидат вложени 3 милиони денари.
-Како градоначалник изразувам благодарноста до Министерството за локална самоуправа прво заради тоа што е зголемен буџетот за рамномерен регионален развој, а воедно да изразам благодарност и до Центарот за развој на југозападниот регион за извонредната соработка и за препознавањето на идеите на Локалната самоуправа. Таа соработка ќе продолжи и понатака и сметам дека овој проект за пешачката патека од саат кулата до старото училиште „ Св.Климент Охридски“ ќе придонесеме за подобра комунална инфраструктура и се разбира за подобрување на туристичката понуда на нашиот град. Тоа една патека која што граѓаните долги години ја користеа и после толку години ја ставаме во права функција онака како што треба да изгледа уредена со природни материјали и правилно осветлена. На таков начин овај дел од стариот дел на градот ќе изгледа и поубаво и поатрактивно и за мештаните, а и за гостите во нашиот град- рече градоначалникот Јован стојаноски.
Претставничката на Центарот за регионален развој при Министерството за локална самоуправа Јасмина Хот, рече дека за оваа година за Југозападниот плански регион се одобрени 25 милион денари, од кои покрај за овој проект средства има за реконструкција на две детски градинки, едно училиште и еден јавен објект.