ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВАН СТОЈАНОСКИ, НА ГРАЃАНИТЕ ОД МУСЛИМАНСКА ВЕРОИСПОВЕД ИМ ГО ЧЕСТИТА, ГОЛЕМОТ ВЕРСКИ ПРАЗНИК КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани сограѓани од муслиманска вероисповест,
Дозволете во овие празнични мигови да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со желби за радост, среќа, благосостојба и душевен мир, за Вас и Вашите блиски. Вербата во Бога нека не води по вистинскиот пат и постојано  меѓу луѓето нека владее разбирање, без разлика на етничката, верска  или било  каква припадност. Курбан Бајрам е празник кој означува меѓусебна почит, солидарност, празник кој ги изедначува луѓето. Како дел од ова мултикултурно општество, мораме сите заедно да живееме еден со друг, да се почитуваме во толеранција и хармонија. Различностите треба да бидат тие кои ќе не спојуваат и ќе не водат напред. Граѓаните од сите вери и заедници мора да продолжат заедно да ја градат иднината на Охрид и Република Македонија, зошто тоа е вистинскиот пат за сите нас.
Овие празнични денови нека поминат во радосно и семејно опкружување, со добра мисла, мирољубивост и толеранција заднички да градиме општи добра,
 стои во честитката на градоначалникот Стојаноски.