Утре пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Пообилни врнежи се очекуваат во источните делови од земјата, каде локално е можно да наврнат и над 35л/м2.

Температурата ќе се движи од 21 до 32 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе биде до 21 степен.

Во петок под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Во сабота ќе биде претежно стабилно, а попладне ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд, особено во планинските подрачја.

Стабилно и многу топло ќе биде в недела и понеделник.