На маршот кој денес се одржува во Скопје, а кој е дел од референдумската кампања не заминаа коалиционите партнери на СДСМ од Охрид.
Деновиве секретарот на СДСМ во Охрид Васко Паскали остварил серија контакти со претседателите на политичките партии од коалицијата, но едноставно наишол на отпор од нивна страна и слушал забелешки околу не исполнетите ветувања кои им се давале.
Автобусите за маршот се пополниле најмногу со вработени во јавните претпријатија, а најмногу вработени кои отпатувале со автобусите за Скопје се мобилизирани во ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ со кое раководи кадар на СДСМ, теренски активнист и лобист.
Фото: Архива
Извор : Охрид1