КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ, ОСТВАРИ СРЕДБА СО ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО Р.МАКЕДОНИЈА

НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ,предводена од Лидерот Демир Далип, а во придружба на Здружениетоза грижа и воспитување на деца-Охрид, застапувана од Претседателот, г га Летка Филипова, остварија средба со Амбасадорот на Франција во Р.Македонија, неговата екселенција, Кристијан Тимоние. Средбата која се одржа во Охрид, како што истакнуваат од НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ, поминала во срдечна и пријатна атмосфера, во која биле дискутирани прашањата поврзани во врска со напорите на етничката заедница за влез во Уставната Преамбула, институционалната интеграција, престојниот Референдум, како и темите околу ранливите категории на грагани, децата и лицата со посебни потреби. Во дописот се наведува и фокусираноста на темите за грижа и вопситување на деца, презентирани од страна на Претседателката г га Летка Филипова, како и подадената рака на Францускиот Амбасадор во Р.Македонија, за подршка околу овие суштински прашања. НВО КОАЛИЦИЈАТА НА ЕГИПКАНИТЕ,како што истакнуваат, во наредниот период , се очекува средба и со Амбасадорот на САД, г дин Џејс Бејли. Со почит,