Делегација на Општина Охрид, предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, беше во посета на Александровц, Република Србија, на традиционалната манифестација “Жупска берба – 2018“.
Традиционалната манифестација која датира од 1963 година, се одржа во терминот од 20 – 23 септември, а учествуваа повеќе од 400 илјади гости, кои учестуваа на карневалот и дефилето на учесниците во “Жупската берба“. Посетителите имаа можност да присуствуваат и на бројни концерти, изложби и да го посетат уникатниот Музеј на винарство и лозарство.
На средбите со градоначалникот Југослав Стајковац и претседателот на Советот на Општина Александровац, Тома Савковиќ, беа потврдени одличните односи на Охрид и Александровац со искрени заложби за нивно понатамошно продлабочување.