Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ денеска реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи на Охридската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.
Акцијата беше спроведена во периодот од 3 часот по полноќ, до 9 часот наутро,
заради помалата фреквенција на движење по чаршијата. Во одстранувањето на гумите за џвакање беа ангажирани 6 комунални работници со специјални алатки.