ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА ПАТЕКАТА ОД СААТ КУЛАТА ДО СТАРОТО УЧИЛИШТЕ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Во  поодмината фаза е проектот на општина Охрид за изградба и поплочување на патеката што   води  од Саат кулата до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.
На патеките  со должина од 250  и 275  метри квадратни   веќе е поставен тампон со дебелина од 10 до 15 сантиметри и бетонска подлога  со дебелина од 10 сантиметри.
Поплочувањето на едната патека е при крај и  се работи на  поплочување на втората патека.

Изведувач на градежните активности е фирмата „Тане 2007“ од Охрид , а  проектот што општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион чини 3 милиони денари.

Градежните активности започнаа во месец    септември и  се очекува да заврши на крајов од оваа календарска година.