Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски денес присуствуваше како гостин на прославата на „Денот на Котор“ како гостин на градоначалникот на Котор, Владимир Јокиќ.
Денот на општината Котор традиционално и оваа година се одбележа со дефиле на оркестарот „Градска музика“ по улиците на градот и полагање на венец на споменикот на паднатите борци во ослободувањето на градот.
Традиционално потоа следуваше свечен рапорт на адмиралот на „Бокељска морнарица“ Антун Сбутега и симболичното предавање на знамето од страна на Градоначалникот на Котор Владимир Јокиќ.
На пладне Бокељска морнарица на градскиот плоштад го изигра традиционалното оро во кое на крај според традицијата влегуваат и челниците на градот Котор.
На свечената седница која се одржа во црквата на Светиот Дух беше доделена и највисоката градска награда на Котор која годинава ја доби Проф. Др. Илија Лалоѓевиќ за ангажман на заштитата на Которската тврдина , посевно за неговиот личен придонес во впишувањето на оваа тврдина на листата на културни наследства на УНЕСКО.
Постхумно наградата „21 Ноември„ е доделена и на Душко Баља Радевиќ , фризер , едукатор и уметнички директор на „Ревлон“ и човек кој инспирација наоѓал во легендите на Котор и Бока Которска.