Екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со активности за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта. Предвидено е да се засадат вкупно 40.000 садници од видот viola (очиња) од сопствено производство низ грдаските парковски површини, кружните сообраќајници, патеката покрај каналот Студенчишта и пешачката патека до Парк.
На ул.„Васил Главинов„ подигнат е зелен отпад од уредување на дворни површини.