ЈАГУЛА НА ОХРИДСКИ НАЧИН – ПРИГОТВЕНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ВО “ОХРИДСКАТА СОФРА“ И “ВКУСОТ НА ТРАДИЦИЈАТА“

Кај манастирот „Пресвета Богородица“ во охридското село Скребатно денеска се одржа традиционалната туристичко- промотивна манифестација „ Охридска софра 2014“, на која бројните посетители можеа да вкусат ѓомлезе, домашно сирење, мед,градинарски производи и вкусни традиционални охридски специјалитети приготвени од студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

На манифестацијата која се одржува втора година по ред и која има за цел да се промовираат руралниот туризам и традиционалните јадења од охридскиот регион, во натпреварувачкиот дел учество зедоа 24 учесници а за највкусни, тричлената комисија ги избра ѓомлезињата приготвени од Гоце Дукадиноски кој беше награден со 10 000 денари, Ратка Крстаноска со 6 000 и Златица Размоска со 4000 денари.Ohridska_Sofra_2014_4855 Ohridska_Sofra1111111111