ЈП Охридски Комуналец подготвено го дочека снегот – се посипуваат улиците со ризла и сол

Попладнево во Охрид започна да врне снег. ЈП Охридски Комуналец уште при првите слаби врнежи веќе е на терен , ги посипува улиците со сол, ризла и песок.

Најавата на метеоролозите е дека вечерва се очекува голем пад на тепмпературата, а веќе се наталожија и првите снегови низ земјата.


Во текот на утрешниот ден времето исто така ќе биде облачно со врнежи од снег особено претпладне, а пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава.