Над стотина дечиња од охридското село Велгошти, денес , пеејќи Бадникарски и Божиќни песни, го одбележаа големиот верски празник Бадник. Во организација на црковниот одбор на црквата ,,Св.Пантелејмон”, тие дојдоа во светиот храм каде што вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески им подели Божиќни пакетчиња. Притоа, Георгиески им посака среќно детство, исполнување на желбите и весели празници со најблиските.