Петта година по ред, општина Охрид избира најубаво украсен двор или балкон по претходно распишан конкурс. Секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски, денес, ги врачи признанијата и наградите на трите најубаво украсени дворови.
Првото место му припадна на Марјан Шапкароски, второто место на Ванчо Кркулески, додека третото на Јована Бандилова. Наградниот фонд за прво место изнесуваше 10.000 денари, за второ место 6.000 денари, а за трето 4.000 денари.
ПРВА НАГРАДA
ВТОРА НАГРАДА
ТРЕТА НАГРАДА