Заради најавените минусни температури во наредните денови апелираме и ги потсетуваме граѓаните на општина Охрид, куќните совети и сопствениците на деловните објекти за законската обврска која ја имаат за чистење на снегот од пристапните површини до нивните индивидуални, станбени и деловни објекти.
Посебно се потенцира обврската за дислоцирање на моторните возила од коловозните површини со цел да се овозможи успешно дејствување на ангажираната механизација.
Само со координирана акција и активно учество на сите чинители, снегот навремно ќе се расчисти и ќе се овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално функционирање на градот.