За Георгиески важни се партиските интереси, а не да се грижи за интересите на граѓаните.
Крајно несериозен и скандалозен е ваквиот однос на градоначалникот Георгиески. Од една страна Георгиески нема пари за улично одржување во зимски услови и го остави Охрид неисчистен од снег, а од друга страна преку општината како основач на ЈП „Охридски комуналец“ на следната седница на Совет предлага нови 40 административни вработувања од кои 16 унапредувања во Претријатието.
Овие партиски вработувања ќе ја чинат општината над 6.600 000 денари или околу 110 илјади евра на годишно ниво. Наместо нови товарни моторни возила со опрема за чистење снег парите ќе се трошат за партиските вработувања.
Требаше да поминат само неколку недели за да го видиме вистинското лице на Георгиески. Не може да се претставува како в.д градоначалник на сите граѓани, а спротивно на тоа приоритет му се тесно партиските интереси.
Систематското решавање на проблемите треба да биде приоритет, пиењето чај е добар потег, но на тие луѓе им треба современа механизација за успешно завршување на работата и што побрзо да се вратат во своите топли домови.
Граѓаните ги препознаваат штетните политики кои служат само за партиски вработувања на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот Георгиески како предлагач веднаш да ја повлече точката за нови 40 вработувања во ЈП „Охридски комуналец“.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид