Мицковски го дарува со икона момчето кое го фати Крстот во Охрид

 

Дозволете ми да од мое лично име но и од името на ВМРО-ДПМНЕ на Синодот, на пресветото свештенство, монаштво, на сите православни верници да им го честитам овој голем христијански празник. Да им посакам здравје, среќа, бериќет, успеси, насмевки за нив и нивните семејства. Оваа година повеќе да се радуваме од минатата година. Да имаме повеќе успеси како граѓани на Република Македонија, а не порази и понижувања.

И исто така би сакал да му го честитам успешното фаќање на крстот на најсреќниот помеѓу православните верници кои што денеска во водите на Охридското езеро се разбира се дадоа во потрага по крстот. Да му посакам нему здравје, среќа, успех и на неговото семејство се разбира.
И како што кажав оваа година и сите оние порази, понижувања и омаловажувања што ни се случуваа во минатото да исчезнат и да бидеме пообединети, посплотени, да како луѓе се почитуваме и се погласно да ги кажуваме нашите мислења затоа што само со една јасна критика ние политичарите но и целата држава може да се стреми кон поголеми успеси и подобра иднина за сите граѓани во Република Македонија.
Бог се јави!

Навистина се јави!