Секојдневно расте сивата економија во Македонија. Според ОЕЦД и Светска Банка дури 25% од економските активности се одвиваат во зоната на сивата економија.
Можеби е најалрамантно што многу од фирмите кои постоеле до 2018 година се дерегистрирале и се претпоставува дека работата во зоната на сивата економија. Со ова тие не придонесуваат воопшто за раст на БДП.
Според податоците на Светска Банка, 55.5% од фирмите се борат против нерегистрираните субјекти, што не прави рекордери во регионот.
После Македонија, на листата е Црна Гора (52,4%0), Хрватска (48,2%), Албаниија (40,2%), Србија (37,5%) и Словенија (26,5%).
Сивата економија во Македонија е најзастапена во секторите: транспорт, градежништво, услужни дејности и земјоделство.
Од Центарот за истражување и креирање политики велат дека Владата на РМ најпрво треба да размисли за менување на балансот помеѓу постојните казнени мерки и второ, на балансот помеѓу казнените мерки и стимулации.
„Бизнисите тврдат дека недостасуваат стимулации – поентирајќи дека ова е главната причина за сокривање на економската активност. Зајакнато со превентивни мерки, како што се зголемен и подобро насочен продор и едукативни мерки кон главните ризични групи, може да се поврати балансот во корист на зголемено формализирање на економијата.
Непредвидливоста на законите е голем проблем за повеќе од половината испитаници – претставници на деловните субјекти. Ова треба да биде важен индикатор за Владата и креаторите на политиките. Честите и коренити промени не оставаат доволно време деловните субјекти да се адаптираат соодветно, а и целосно да се устројат во склад со законските измени и покрај нивната волја да го направат тоа“, посочуваат од Центарот за истражување и креирање политики.