Продолжува трендот на раст на платите што е уште еден показател дека економијата конечно е стабилизирана и поставена на здрави основи.
Ваквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и натаму и дополнително ќе се интензивира. За оваа година, предвидено е уште едно зголемување на минималната плата што дополнително ќе ја отвори спиралата на раст на платите.
Со Буџетот за 2019 предвидено е зголемување на платите во сите сектори, а преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, изнесува 105.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Информации и комуникации (19.2 %), Рударство и вадење на камен (18.6 %) и Дејности на здравствена
и социјална заштита (10.2 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Рударство и вадење на камен (5.6 %), Други услужни дејности (5.5 %) и Финансиски дејности и дејности
на осигурување (3.5 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24 548 денари.