Денес, екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“, започнаа со градежни активности – оформување на тротоар со бехатонска подлога. Активностите се изведуваат на улицата „Мите Богоески„ на пресекот со улиците „Димитар Влахов“ и улица „Даме Груев“, кај економското училиште. Со тоа се формира уште една сообраќајница во централното градско подрачје со што се придонесува за зголемување на безбедноста на граѓаните на Охрид.