Делегација на општина Охрид, беше дел од работниот состанок на управниот одбор на Светската унија на турските општини, во Истанбул.
На состанокот, претседателот на Унијата, изрази сочувство за прераната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој што беше член на управниот одбор.
Исто така беше потврдена иницијативата за донација на противпожарно возило од страна на збратимената општина Сафранболу. Предвидено е донацијата да се реализира после изборот на новиот управен одбор, по што Советот на општината Сафранболу треба да донесе одлуката за донација.