РАКОМЕТ – Ко-домаќините на шампионатот на пат кон големото финале во Келн. Кој ќе им го поремети планот?

На СП во ракомет формирани се полуфиналните двојки.  Германија ќе игра против Норвешка а Данска за противник ќе ја има селекцијата на Франција.  Ко-домаќините на шампионатот   на пат кон големото финале во Келн.  Кој ќе им го поремети планот?
Вчерашните дуели во групната фаза на ракометниот мундијал носеа различно расположение. Вниманието беше свртено кон дуелот Данска – Шведска бидејќи некои математики за победа на Шведска значеа исфрлање на Норвешка од првенството.  Сепак немаше пријателски договор како некогаш помеѓу фудбалските селекции на овие две земји. Данска предводена од изворедниот Ландин славеше во скандинавското дерби со 30-26 со што и помогна на Норвешка да избори полуфинале.

Мечот мина во добра игра на двете страни а Шведска постојано беше во водство кое сепак по серијата одбрани на Ландин не успеа да го задржи па  Данците понесени од извонредната атмосфера  направија пресврт и на крајот заслужено се радуваа на убедлива победа.

И Германија одигра  солиден меч против Шпанија совладувајќи ја со 31-30.  По израмнетото прво полувреме во првите  10 минути од вториот дел  домашните ракометари направија одлична серија и се одлепија на 4 голови предност што на крајот им донесе победа и пласман во полуфиналето каде ќе играат против селекцијата на Норвешка.

Во второто полуфинале Данска за противник ја има селекцијата на Франција.  Средбите се закажани за во петок .

17:30 ДАНСКА – ФРАНЦИЈА
20:30 ГЕРМАНИЈА – НОРВЕШКА 

rakometsvetsko

50614914_2012294412216803_3434137953029324800_n