Ватерполо екипите на Охрид и Струга, вечерва со почеток во 18 часот на пливачкиот базен „ Атина Бојаџи“ ќе одиграат ревијален натпревар . Со овој натпревар всушност завршува сезоната на пливачкиот базен, кој е дел од спортскиот центар на ЈП „ Билјанини извори“ .
Одигрувањето на овој ревијален натпревар треба да иницира поголемо внимание на јавноста и надлежните институции за развој на ватерполото во Охрид и Струга.