Вршителот на должноста градоначалник, Константин Георгиески, денес го посети дневниот центар “Зраци“ и им го врачи новиот тв приемник, подарок од компанијата “ЗЕГИН“.
На средбата Георгиески беше запознат со работата на центарот и потребите за негово успешно функционирање во иднина. Георгиески истакна дека навистина е благородна работата на вработените и родителите на лицата со посебни потреби и искажа подготвеност локалната самоуправа, активно да работи на подобрување на условите и институционално трајно решение за работата на дневниот центар.