ГОДИШНА СРЕДБА НА АКЦИЈАШКИОТ КЛУБ „ БРЕГ НА МЛАДОСТА“

На годишната средба на Акцијашкиот клуб „ Брег на младоста“, на која беше презентиран извештајот за сработеното во минатата година,   „  Предвидовме многу, направивме уште повеќе“, присуствуваше и  в.д градоначалникот Константин Георгиески. Во своето обраќање, Георгиески рече дека Локалната самоуправа континуирано ги подржува нивните активности и така ќе биде во иднина.

-Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ има посебно значење за заедницата бидејќи ги обединува ветераните  кои учествувале на  работни акции и младите кои покажуваат интерес да ги продолжат тие традиции. Радува податокот дека нивниот број постојано се зголемува и тие во своите средини, особено во училиштата се промотори на здрави и проверени начини на користење на слободното време кај младите.

Мојата порака до Вас  младите е да ги користите советите и искуствата на ветераните кои учествувале на поранешните работни акции. Убавината на волонтеризмот, акцијаштвото и хуманоста ја почувствувавте со учеството на акциите по поплавите во Скопје и во соседна Србија. Учествувајќи во разните волонтерски акции, Ве уверувам дека се поубаво ќе Ви звучи паролата која беше испишана во речиси сите акцијашки насделби: „Забрането е внесување на тажни мисли“ –рече в.д градоначалникот Константин Георгиески.

Раководството, членовите и пријателите на Акцијашкиот клуб „ Брег на младоста“ на средбата се заблагодарија на поддршката  од страна на Општина Охрид и ветија дека и годинава ќе реализираат повеќе од планираните активности.