Почитувани,
Ве извествуваме дека утре, петок, 01-ви феврувари во посета на Охрид доаѓа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев придружуван од министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.
Во 12:30 часот во Националната установа Центар за култура ,,Григор Прличев’’ во Охрид ќе се одржи трибина со граѓаните ,,Силна економија – шанса за сите” на којашто граѓаните и претставниците на компаниите до Охрид ќе дебатираат заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.
Трибините со граѓаните ,,Силна економија – шанса за сите” се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.
СДСМ – Охрид ги поканува сите граѓани, членови и симпатизери на партијата од Охрид и регионот да присуствуваат на трибината.
ОО СДСМ ОХРИД