ЈП „Градски Гробишта“ врати 100 илјади евра од старите наследени долгови од 2012 година .
Во 2018 година Долгот изнесувал 140 илијади евра и за период од една година вратени биле 100 илијади евра.
Директорот Ванчо Костовски длабоко е убеден дека до крајот на 2019 година старите долгови ќе ги сведе на нула со што се отвора терен за посериозни инвестиции.
За добра поставеност на работниците, потребна е и мотивација, а ова јавно претпријатие, освен што подели регрес, ги зголеми и платите на вработенитепрв пат од основањето на претпријатието за 10% .