ФОТОВОЛТИЧНИ ПАНЕЛИ ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ НА ЗГРАДИТЕ НА ОПШТИНА ОХРИД И ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПЕШТАНИ И ВЕЛГОШТИ

Во рамките на ИПА  компонентата на ЕУ за набавка на фотонапонски системи за јавни објекти, која ја имплементира Министерството за финансии, Општина Охрид доби три фотоволтични системи. Енергетските  системи ќе бидат поставени на зградите на Општина Охрид и на основните училишта во Пештани и Велгошти.

Системите се веќе пристигнати и по завршувањето  на соодветните законски пропишани постапки, се очекува да бидат монтирани во тек на месец март.Снагата на секоја фотонапонска централа е 15 kW , а произведената електрична енергија, преку посебни броила ќе се регистрира и ќе се дава на постоечкиот електросистем