Наум Јованоски-Чакар ја објави својата кандидатура за градоначалник. Тој Охрид го гледа како град кој треба да се развива, акцент става на контролата на заштитениот крајезерски појас, заштита на Студенчишкото блато, основање на дирекција „Охридско културно лето“, како и на град кој може да прерасне во летна политичка метропола.
Јованоски е категоричен дека мора да се сопира урбанистичката експанзија и бесправната градба. Да се наметнат струги правила за местото и јачината на озвучување при одржување на музички настани во летниот период, преиспитување на намените на Свети Климентовиот Универзитет.
Јованоски, кој беше прв човек на општинската организација на СДСМ од 2009 до 2013 година, на денес одржаната прес конференција потенцира дека еден од основните мотиви за кандидатурата е тогаш остварената победа врз ВМРО ДПМНЕ со разлика од 500 гласа.
За да влезам во изборната трка, имам и личен мотив, поради блискоста и вербата во актуелното раководство на СДСМ, односно Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, со чии политики, на домашен и меѓународен план, особено на планот на зближувањето со соседните земји и народи, целосно се согласувам, ги поддржувам и ќе работам на нивната реализација и афирмација, рече Јованоски.
Јованоски е поранешен претседател на Општинската организација на СДСМ, во чиј мандат (2009 – 2013 година), како што вели остваривме една од, не многу честите победи, со видна надмоќ над соперничката ВМРО ДПМНЕ, изразена во разлика од 500 гласови во полза на СДСМ, се сметам за способен и одговорен пред партијата, во прилог на задржувањето на градоначалничкото место и идниот развој на Охрид.