На Трибината на Владата која вo петoкoт се одржа во Центарот за култура во Охрид на која учествуваа премиерот Заев и министерот Сугаревски имаше дебата за повеќе прашања. Меѓу другите, граѓанка на Охрид со директно прашање до премиерот за хаосот во Катастарот во Охрид кој го нарече и нервно одделение. Катастарот во Охрид веќе години наназад е една од најболните институции кој за граѓаните на Охрид претставува еден огромен лавиринт без излез. А зошто е тоа така? Години наназад истиот го водат нестручни и партиски луѓе пoстaвувaни сo одредени цели. Дали некогаш ќе се стави крај? Веќе една година како е изработен новиот Закон за катастар на недвижности, истиот сеуште не е стапен на сила иако премиерот го најави. Но не е само законот во прашање. Со промена на власта охриѓани се израдуваа и на веста дека конечно на чело на охридскиот катастар ќе застане професионалец, стручен човек со долгогодишно искуство, па работите конечно ќе тргнат во позитивна насока. Речиси две годинии поминаа, а столчето во катастар и понатаму е празно (случајнo или нaмернo) што предизвикува уште поголем хаос. Дали и на оваа власт не им одговара вистински стручен кадар, па сакаат да го продлабочат хаосот во катастарот? Времето пред нас ќе покаже