Во петок попладне се очекува собранискиот спикер Талат Џафери да ги распише претседателските избори, а пред тоа истот ден народните избраници на собраниска седница ќе ја изберат Антикорупциската комисија. Токму датумот за распишување на изборите за нов шеф на државата 8 февруари го диктира темпото на интервјуата на кандидатите за членови на Антикоруопциската комисија.
Звучни имиња има на списокот од 57 кандидати за членови на ДКСК. Меѓу нив и претседателката на Комисијата за жалби по јавни набавки Маја Малахова, поранешниот шеф на УБК Горан МИтевски, братот на екс амбасадорот Васко Наумовски, Гоце Наумовски.
Најчести прашања до кандидатите се како тие ќе се справат со корупцијата. Интервјуата на Кандидатите за членови на Антикорупциската комисија ќе завршат утре. Комисијата за селекција, изборот ќе го направи преку бодувања.
Списокот ќе го достави до Комисијата за избори и именувања. Овој филтер е претпоследен за потоа списокот со 7 темина избарани за борбата против корупцијата во државата да биде доставен до собранискиот спикер кој пак треба да ја закаже собераниската седница.