СЕ ПОПЛОЧУВААТ ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦА “ПЕРЕ ТОШЕВ“ КАЈ ДЕТСКАТА ГРАДИНКА “РОСИЦА“

По налог на Секторот за Комунален развој сообраќај и улици при Општина Охрид, вчера ЈП “Градски гробишта “ започна  со поплочување на двата тротоари  на  улицата “Пере Тошев“ во непосредна близина на детската градинка “Росица“ во населбата Лескајца.

Поплочувањето е на површина  од 300 метри квадратни а во акцијата е предвидено и поставување на  парковски ивичници  и островца околу  уличните дрва.
Акцијата на поплочување на предвидената површина  на двата тротоари се очекува да заврши идната недела , со можност веднаш после тоа доколку наложи Секторот за комунален развој сообраќај и улици истата да продолжи по останатата површина од тротоарите.