В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ВО ОБИКОЛКА НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НИЗ ГРАДОТ

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, беше на увид на неколку локации каде во тек се градежни активности. Во моментов градежни активности за изградба на потпорен ѕид се одвиваат на локалниот пат помеѓу селата Вапила – Расино. Ѕидот значително ќе ја подобри безбедноста на патот,  ќе го заштити од понатамошни оштетувања и целосно ќе го спречи појавувањето на свлечиште на тој дел.  Вкупната должина на потпорниот ѕид изнесува 16 метри, а ќе биде во ширина од 64 метри. Вредноста на овој зафат изнесува  1.034.034,00 денари.

Понатака, в.д. градоначалникот со стручните служби извршија увид на активностите за доизградба на пешачката патека „Студенчишта – хотел Парк“. Во моментов се чисти и обележува патеката по што веднаш ќе започнат и градежните зафати. Патеката и велосипедската патека претставува продолжение на до сега изградената, а ќе биде во должина од 150 метри. Исто така, ќе биде изградена од гранитни плочки.  Вкупната вредност на оваа фаза изнесува 5.734.800,00 денари.