СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат чиста изборна корупција и поткуп на гласачи.
На денот кога се распишаа претседателските и локалните избори се случува брутална партизација. Уште пред да почне изборниот процес истиот е деградиран. Масовното вработување во јавните претпријатија непосредно пред локалните избори го имавме минатиот месец со 70 вработувања, а сега со над 25 нови во ЈП „Проаква“ и над 15 нови во другите јавни претпријатија.
Георгиески да одговори дали заедно со директорите спроведуваат брутална партизација во јавните претпријатија?
СДСМ и Георгиески пред да дојдат на власт кажуваа дека администрацијата и јавните претпријатија се преполни. Ветуваа дека нема да има партиски вработувања, туку еднаков пристап на секој граѓанин до секое работно место, за сега да гледаме како администрацијата и јавните претпријатија се полнат со партиски лица од СДСМ.
Кога лажеа повеќе, тогаш кога ги уверуваа охриѓани дека има превработеност или сега откако веќе една година е зголемена цената на вода за да се плаќаат новите партиски вработувања со парите на граѓаните?
Ова е уште еден доказ дека СДСМ нема намера да реализира ниту еден проект, туку само ги интересира криминал. Го повикуваме Георгиески да се одважи од партиските наредби и да застане на страна на сите граѓани на Охрид.
Што побрзо СДСМ си замине од власт толку подобро за охриѓани!
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид