29-годишен македонски државјанин почина како последица на жестока тепачка која се случила во австриската провинција Регау, во градот Веклабрук, соопшти австриската полиција, а пренесе порталот Лаумат.
Македонецот, чиј идентитет не се открива, починал во болницата како последици од повредите здобиени во тепачката. Неколку лица биле повредени и биле пренесени во болница.
„29-годишен македонски државјанин им подлегна на повредите. Уште девет лица биле вклучени во тепачката и истите ќе бидат приведени. Телото на починатиот е предадено на аутопсија, која треба да ги открие причините за смртта“, соопштуваат од обвинителството, пренесе „Лаумат“.