ВО ПЕТОК СОБИР НА ГРАЃАНИ НА УРБАНА ЗАЕДНИЦА „8-МИ СЕПТЕМВРИ“

Советот  на урбана заедница 9 „8-ми Септември“ во петок (15.02 2018г) со почеток во 20 часот  ќе одржи собир на граѓани во месната канцеларија. На средбата  ќе се изврши избор  на членови на Советот.

Се покануваат сите охриѓани од оваа урбана заедница да бидат дел од случувањето.
Советот на облиците на месната самоуправа е составен од три до седум членови. Мандатот на членовите на советот трае четири години.