Од неофицијални извори од партијата ни потврдија дека до сега како коалиција, сите преговори кои ги водеа со општинскиот комитет на СДСМ, паднаа во вода.
Незадоволни од досегашното коалицирање и нереализираните предизборни ветувања кои ги имаа добиено како коалиционен партнер, прашање е дали ќе застанат во поддршка на кандидатот од СДСМ.
Од партијата брифираат дека нема да настапат со свој кандидат, но одлуката на кого ќе му го дадат својот глас ќе ја донесат после обелоденувањето на сите кандидати, со кои планираат да остварат поединечни средби и да ги слушнат нивните програми и приоритети.
На прашањето дали планираат нови пазарења, претседателот на ОО од Охрид ни напомена дека при изборот за прв човек на градот за нив ќе биде приоритет кандидат кој ќе биде вистински татко на градот, човек зад кој нема сите одлуки да ги носи една партија, човек од народот кој ќе се посвети на градот и ќе биде достапен за секој граѓанин на Охрид.
Не планираат конкретни пазарења со бројки, едноставно својот професионален кадар и ресурсите со кои располагаат ќе ги понудат во оние области каде навистинска има потреба, а со тоа значително ќе му помогнат на новиот градоначалник за развојот на Охрид.
Напоменуваат и тоа дека крајно време е да се престане со непотизмот и партиските вработувања и веруваат дека ако го дадат својот глас на вистинскиот човек, во иднина ќе имаат многу подобра соработка на општинско ниво.
Во однос на претседателските избори сеуште немаат завземено став, од причина што за тоа чекаат дефинитивна одлкука од Централниот штаб на партијата.