Познатиот Охриѓанец Дамјан Пејчиновски гради Светска Кариера !

Познатиот македонски гитарист зимата ја минува на Малдиви…
Добрите познавачи на музиката знаат кој е Дамјан Пејчиноски, гитарист кој уште од млади денови ја светската музичка јавност…
Гитарата е негова љубов со која почнува да се дружи на 14. години, а потоа учи и завршува се што може да стаса…Во 2002 со својот бенд настапува на Рок Фестивалот за млади таленти и ја освојува наградата за најдобар гитарист.

Во 2003 се запишува на Националната Музичка Академија „Панчо Владигеров“ отсек џез и ја добива најголемата стипендија.Во 2004. формира нов бенд „Jump Start“.Во 2008. свирел со браќата Тавитјан во „Универзална“.Во мај 2009. влегува во финалето на Guitar Idol(најголемото гитарско натпреварување во светот).Го продолжува школувањето и продолжува со своите настапи…а, се чини почетокот одбележал се…

Снимка од настапот во живо во Минск, со „Претседателскиот оркестар“ на Белорусија, каде ја извел „Strings on fire” (базирана на делото напишано од Крис Финер за онлајн натпреварот ’Strings on fire’). Какво неповторливо искуство да свири со еден од најдобрите светски оркестри со извонредни музичари предводени од маестро Виктор Бабаркин.
Покрај бројните коментари еден ни остана во сеќавање:
„Мислам дека 70 % во Македонија не знаат дека овој гитарист постои…освен во одредени кругови…а за Цеца и Карлеуша се знае и кој број гаќи носат…тоа е судбина“.

Уште во младите денови Дамјан обработува македонски песни како „Кажи зошто ме остави“

или „Јано мори“ бидејќи крвта не е вода а Дајман е роден во Охрид.

Но, животот и кариерата одат понатаму па сега нашиот Дамјан има нов бенд и свири под името Damjan Pejcinoski Quartet.

Повеќе за Дамјан на Линкот подолу !

https://ekran.mk/2019/02/24/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%BE-%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%83-%D1%81%D1%80%D1%86%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA/