Екипите на Струга Трим Љум и Лабуништа изиграа нерешено на Стадионот ” Атина Бојаџи “.
Трим Љум Струга подобро го започна дуелот и преку Цветаноски ја креираше првата шанса. Гостите од Лабуништа уште во првата минута го менуваа голманот и на местото на Мемишовски во игра влезе Мирселовски.
Фудбалерите на Струга Трим Лум имаа повеќе од играта, креираа неколку прилики за погодок, но немаа одговор за бедемот пред голот на Лабуништа.
Разликата после двата големи ривали останува еден бод и продолжува трката за првата позиција на табелата.
Играта доби на жестина и главниот судија покажа дури седум жолти картони во првиот дел. Лога за домаќините и Миновски за гостите имаа две полушанси по удари од далечина, но мрежите не се тресеа. Ардит Шаќири влезе во игра на местото на Кочовски, но Струга Трим Љум ја задржа предноста од еден бод пред Лабуништа и до крајот двете екипи ќе водат мртва трка за директна промоција во ПМФЛ.