Сообраќајни акциски контроли во Охрид

Во текот на февруари, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, реализира повеќе акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 2834 патнички и други моторни возила, од кои, констатирани се 26 технички неисправни и 86 нерегистрирани возила. 91 возачи управувале возило без возачка дозвола а 46 возачки дозволи се одземени поради присуство на алкохол. Полициските службеници, утврдиле и презеле мерки против 251 возачи кои на своите возила имале фолии за затемнување на стаклата. При акциските контроли, полициските службеници издале 755 мандатни платни налози и 330 прекршочни налози.