5 МЕСТА КОИ ВРЕДИТ ДА СЕ ПОСЕТАТ ВО ОХРИД.

1.Самуиловата тврдина — средновековна тврдина во градот Охрид, првично изградена од кралот Филип II Македонски, а подоцна наречена по средновековниот цар Самуил.
Тврдината и денес го претставува највисокиот дел на Охрид, кој се издига 100 метри над нивото на Охридското Езеро. Низ историјата претрпела многубројни поправки, а тоа се гледа и на Горната порта, во која се вѕидани многубројни мермерни сполии со грчки и римски натписи, кои потекнуваат од античките и римски згради, со кои изобилува овој простор.
                                              12546_700
2.Залив на Коските — залив во Охридското Езеро и археолошко наоѓалиште на праисториска наколна населба на полуостровоти автокампот Градиште. Длабок е 3 до 5 метри. Местото е наречено „Плоча Миќов Град“ и денес има реконструкција на наколните живеалишта (Музеј на вода „Залив на Коските“) и платформи, со свој посетителски центар. Над него се издига обновено римско утврдување (каструм) со воени објекти од тоа време.
Најблискиот колец од вкупно 6.000 откриени е на 12 метри во езерото, со што се претпоставува дека е тоа колец од мостот што ја спојувал населбата. Се претпоставува дека се простирала на платформа од околу 8.500 м², а на неа имало можеби и 60-ина живеалишта. На местото се откриени многу остатоци од орудија, предмети од керамика, дрво, од камен и делови од животни како еленски рогови.
      muzejnavoda       
3.Националниот парк Галичица се наоѓа на истоимената планина која припаѓа на Шарско-Пиндскиот планински систем. За национален парк е прогласен македонскиот дел од планината во 1958 година поради особените природни убавини и исклучително богатата и ендемична флора и фауна.

Паркот е сместен помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и има меридијански правец на протегање. Зафаќа површина од 227 кмІ.
4.Куќата на Робевци во Охрид, во која денес е сместен Археолошкиот музеј и етнолошката поставка, се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во Македонија, која својот највисок развој го достигнува во текот на XIX век.

Нејзините проучувачи ја опишуваат како пример на конструктивна виртуозност, со потенцирана динамика на волумените компонирани хармонично во единствена целина. Во третманот на надворешноста на објектот, како и во димензионирање на просториите и нивната обработка, е забележлива желбата на сопствениците кон истакнување на нивната економска моќ.
5.Манстирот Свети Наум е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на најјужната негова точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигањето на овој манастир е сврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година во него е погребан.

Сегашната црква ги носи преправките, и таа имала форма на впишан крст во квадратно пространство со купола, поставена на 4 столбови. Над нартексот е додадена слична купола со висок тамбур.