ОСТВАРЕНИ ЗНАЧАЈНИ СРЕДБИ НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ ВО ЗАГРЕБ

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески во рамки на саемот, оствари повеќе значајни средби со важни личности.

Тој се сретна со министерот за туризам на Хрватска, Гари Капели, со кој размена мислења за туристичката промоција и туристичката понуда, како и за преземањето конкретни чекори за остварување на соработка и поврзување помеѓу двете држави. На средбата беше договорено министерот, Гари Капели, за неколку месеци да дојде во посета на Охрид, по што би се официјализирала соработката.

Во таа насока, в.д. градоначалникот оствари средба со претставници на хрватскиот авио превозник „Кроација Ерлајнс“, каде беше разговарано за можно поврзување на Охрид со Република Хрватска, односно воспоставување на редовна комерцијална линија Охрид – Загреб – Охрид и сезонска летна линија Охрид – Дубровник – Охрид.